fbpx

Меркел оптимист дека Социјалдемократите ќе ги одобрат коалициските преговори

-

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е оптимист дека Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ќе одобри почеток на официјални коалициски преговори со нејзините конзервативци, на партискиот конгрес кој ќе се одржи викендов.

Делегати од СПД во недела ќе гласаат за тоа дали нивните лидери би требало да продолжат со преговорите за обновување на сојузот со конзервативците, со кои беа на власт од 2013 година, откако двете партии минатата недела постигнаа прелиминарен договор за формирање влада.

Меркел изрази надеж дека после интензивните разговори, СПД на партискиот конгрес ќе даде зелено светло за коалициски преговори.

– Оптимист сум – изјави Меркел на заедничка прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

Лидерите на германските демохристијани и социјалдемократи, по маратонски преговори на почетокот од месецов постигнаа прелиминарен договор за формирање влада на Германија со кој, покрај другото, се предвидува јакнење на ЕУ пред се преку соработка со Франција на јакнење на еврото, додека проширувањето на ЕУ не се спомнува експлицитно

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...