fbpx

„Мериот“ ги отвори вратите за првите гости

-

Хотелот „Мериот“, на скопскиот плоштад, денеска ги отвори вратите за првите гости. Објектот се градеше шест години, а инвестицијата чини околу 30 милиони евра.

– Во хотелот вложивме многу труд, љубов и финансии. Овој објект го градеа компании од Македонија, а техничка поддршка имавме од брендот „Мериот“. Преку него влеговме во хотелската мапа на светот – изјави инвеститорот Александар Ивановски, сопственик на „Дивелоп груп“.

Според него, „Мериот“ во Скопје е изграден по најнови стандарди, модерен концепт и дизајн, а неговата безбедност е највисока во Македонија.

На новинарско прашање дали се точни информациите дека вистински сопственик на „Мериот“ е поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, Ивановски изјави дека тоа не е точно и дека тој е вистинскиот сопственик.

– Ова не е земјоделска задруга, странците знаат со кого потпишуваат – изјави Ивановски.

Освен на изгледот на хотелот, големо внимание било посветено и на обуката на персоналот, за на гостите да им се пружи светска услуга.

Хотелот има 164 соби и апартмани, вклучувајќи го и луксузниот претседателски апартман.

„Мериот интернешнал“ е глобална водечка угостителска компанија со седиште во Бетесда, Мериленд, САД со 4.500 објекти во 87 земји. Компанијата поседува 500 хотели и туристички комплекси во 60 земји во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...