fbpx

МЕПСО и ЕВН апелираат земјоделците да внимаваат како ја поставуваат опремата

-

Од МЕПСО на земјоделците им порачуваат да одбегнуваат минување со земјоделска механизација под трасите на далекуводите од преносната мрежа и во нивните безбедносни коридори и особено да не се поминува под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација.

Од компанијата препорачуваат земјоделците да не поставуваат цевководни системи за наводнување на земјоделски површини во трасите на далекуводите, да не се креваат во височина метални цевки од системите за наводнување во далекуводните траси и други метални елементи, особено под проводните јажиња.

Исто така, порачуваат да не се поставуваат прскалки за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа, бидејќи допирот на водниот млаз со проводните јажиња може да биде опасен по живот на лице кои се наоѓа под трасата на далноводот.

Од МЕПСО ги потсетуваат пелагониските земјоделци дека не е дозволено палење на стрништата во близина на далекувод, бидејќи постои голема потенцијална опасност за материјална штета на опремата на далноводот и за загрозување на работата на МЕПСО.

ЕВН, исто така, им порача на земјоделците дека при извршување на земјоделски активности во близина на електрични водови задолжително треба да се почитуваат безбедностите мерки.

„Најопасен е допирот со надземни електрични водови што е и причина за најголем број фатални несреќи со електрична енергија во земјоделството. Затоа треба најстрого да се почитува пропишаната оддалеченост, односно да не се приближува поблиску од два метри до електричните водови. Треба да се внимава и при поставувањето на опремата за наводнување. Не смее да се поставуват метални цевки за наводнување паралелно со трасата на надземниот вод“, известија од ЕВН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...