fbpx

Менаџери на дестина успешни компании ќе се обучуваат во Стопанска комора

-

Менаџери од десетина успешни компании од прехранбената, фармацевската индустрија, информатичката технологија, трговијата и графичката индустрија ќе се обучуваат во Стопанската комора на тема „Go international – Тренинг за вашата лидерска иднина“.

– Целта на обуката е на учесниците да им се пренесат знаења како да профитираат на пазарот во услови исполнети со предизвици кои произлегуваат од недостаток на време, знаења, искуства, финансии, стручен кадар и други ресурси – информираат од Стопанска комора.

Програмата овозможува надградување на личните вештини, но и вештини потребни за водење бизнис и потребниот „know-how“ за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет.

Преку ангажирањето на лиценцирани странски експерти со повеќегодишно искуство, акцентот се дава на пренесување на искуствата како на најефикасен начин да се искористат стратегиските парнерства со цел компаниите да обезбедат повеќе можности, да го развијат својот бизнис и да ги имплементираат иновативните стратегии, како алатки за нивен иден раст и развој.

Обуката, Стопанската комора на Македонија ја оставрува во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора (WIFI).

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...