fbpx

Мемети: Институциите немаат волја за спроведување на прописите

-

Институциите во Македонија немаат волја да ги спроведат прописите и законите, да се справат со предизвиците, да ги решaваат проблемите и тоа е главниот проблем, вели народниот правобранител, Иџет Мемети, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

„Ние во Република Македонија, во парламентарна демократија формиравме посебно јавно обвинителство, тоа доволно говори на кое ниво сме. Тоа доволно говори колкава е волјата на институциите да се справат со предизвиците и со проблемите и да ги решaваат. Ние дозволивме како општество да доаѓаат однадвор и да ни зацртуваат како треба да постапуваме, што е исклучително лош знак или лоша состојба за општество наречено парламентарна демократија“, вели Мемети.

Во врска со бегалската криза и so новите мерки за селекција и за профилирање на мигрантите, омбудсманот смета дека од самиот почеток на мигрантската криза во Македонија, земјава ги прекршува принципите на Меѓународната декларација за бегалци за недискриминација, неказнивост и за невраќање.

На прашање дали конкретно мисли на одлуката на Македонија да ги пропушта само бегалците од Сирија, Ирак и од Авганистан, но не и тие што доаѓаат од земји кои не се зафатени со војни, Мемети вели дека не знае дали формално е донесена таква одлука, но ако постои, вели дека таа треба „многу дебело да се образложи“.

„Затоа што со таква одлука прекршуваш одредби на конвенцијата, треба и апелирам не на национална дискриминација на лицата кои или се бегалци или се мигранти. Според конвенцијата сме должни да им дадеме привремена заштита. Македонија е должна да им даде шанса ним да влезат во процедура, ако не исполнуваат услови, тогаш во согласност со процедурата, да се протеруваат, а не да се протеруваат без никаква процедура“, вели народниот правобранител.

За постапката што Народниот правобранител ја отвори во врска со незаконското прислушување, уште во март годинава, Мемети вели дека „тој предмет сè уште е отворен“, но засега нема никаква соработка од надлежните институции.

„Јас не знам како на друг начин да го затворам освен со законито постапување и инсистирам на одговор од Владата и од Министерството за внатрешни работи за сите тие клучни прашања што ги поставив уште тогаш, затоа што тие се должни тоа да го направат. Не е во ред да игнорираат“, вели Мемети во интервјуто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...