fbpx

Мемеди очекува откривање на вистината за настаните во Собранието на 27 април

-

Претседателот на Национална демократска преродба (НДП), Весел Мемеди, во соопштение до јавноста вели дека не е вклучен во ниту една притивзаконска активност за настаните во Собранието на 27 април, откако некои медиуми објавија дека полицијата извршила претрес во неговиот дом, при што му бил одземен мобилниот телефон, поради сомнеж за негова вклученост во настаните од 27 април во Собранието.

„Во оваа акција на правните органи за обелоденување на вистината за настаните во парламентот, беше вклучено и моето име како еден од осомничените за овој настан. Намерно молчев за да им се овозможи на овие правни органи непречено и професионално да си ја завршат работата, без ниту една внатрешна или надворешна пречка. Иако моето име беше спомнато без ниту едно право, мило ми е штo дојде време за нашата вина или невиност да зборуваат правните органи, а не насилниците и клеветниците“, се вели во соопштението на Мемеди.

Тој ја поздрави и одлуката на Врховниот суд за ослободување на обвинетите во случајот „Монструм“ и бара, како што вели, да се најдат вистинските убијци и што побргу да излезат пред судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...