fbpx

Мекејн: Бегалската криза е последица на американските неуспеси

-

Бегалската криза, меѓу другото, е резултат на неуспехот на САД во Ирак и во Сирија, оцени американскиот сенатор Џон Мекејн во интервју за „Гласот на Америка“.

– Кризата, која е резултат на судирите и на неуспехот на САД во Сирија и во Ирак, имаше значајно влијание на причината за приливот на бегалците. Доколку САД го отстранеа Башар ал Асад од власт и ја одржеа контролата над ситуацијата во Ирак, немаше да се соочуваме со актуелната бегалска криза – рече Мекејн.

Сенаторот вели дека станува збор за економски проблем и оти САД требало да помогнат во хуманитарен и во друг аспект и оти имаат обврска да помогнат колку што можно да помогнат со последиците од нивните неуспеси.

Мекејн вели дека во Сирија сега преовладува влијанието на Русија, Хезболах, Иран и на различни други фракции поради што помалку е веројатно заминувањето на Асад од власт.

„САД, кои не се покажале како лидер, дозволиле Русија да дојде во позиција да има влијание на Блискиот Исток, првпат до 1973 година, како што Анвар Садат ги исфрли Русите од Египет – рече Мекејн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...