fbpx

Меј и Корбин одговараа на прашања за Брексит, но без меѓусебно соочување

-

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Брексит може да биде „приказна за успех“ и дека референдумот ја решил дебатата меѓу приврзаниците за останување во ЕУ и тие што се за излез од неа.

Меј синоќа изјави дека ги распишала предвремените избори затоа што опозициските партии се „обиделе да го осуетат процесот“ на излегување на Британија од Европската Унија.

Лидерот на опозициската Лабуристичката партија, Џереми Корбин, рече дека лабуристите „морале да ја прифатат реалноста на референдумот“.

Меј говорела за своите реформи на социјална заштита и за имиграција, додека Корбин одговарал на прашања за своето политичко минато, за надворешно-политичките ставови, но и за ставот кон монархијата.

Меј и Корбин одговарале на прашања на публиката во емисијата „Битка за број 10“, но не беа истовремено во студиото бидејќи премиерката одби соочување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...