fbpx

Mej: Британија со Брексит не ја напушта Европа

-

Британската премиерка Тереза Меј денеска во Братислава изјави дека Велика Британија со Брексит не ја напушта Европа.

– Остануваме во НАТО. Велика Британија и понатаму ќе стои до своите сојузници на источното крило на НАТО. Неодамна одобривме засилување на британската армија за источното крило и редовно ќе праќаме наши војници на вежбите во Словачка и кај другите сојузници – рече Меј на заедничката прес-конференција со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Меј истакна дека Велика Британија по Брексит нема намера да се затвори себеси во изолација и оти сè додека не излезе од Европската Унија, ќе биде активен играч кој сака да учествува во европските одлуки и во потрагата по заедничко решение за мигрантската криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...