Меѓународната награда „Книжевно перо“ за македонскиот писател Петко Шипинкаровски


       
Струга, 10 ноември, 2016 - 9:41 (META) 

Македонскиот писател Петко Шипинкаровски е добитник на меѓународната награда „Книжевно перо“, што по петти пат ја доделува Хрватското книжевно друштво од Риека, Република Хрватска.

Наградата на Шипинкаровски ќе му биде врачена на Меѓународната манифестација „Денови на пријателите на книгата“, што ќе се одржи од 17 до 20 ноември.

– Со искрено задоволство ја примив веста за Меѓународната награда „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво – Риека, Република Хрватска. Искрено се надевам дека нашата соработка не само што ќе продолжи уште позасилено за афирмација на хрватската и на македонската литература и култура, туку ќе бидат и надградени и проширени во интерес на двата народи и на двете независни држави – вели Шипинкаровски.

Досегашни добитници на наградата „Книжевно перо“ се Христо Петрески (Македонија), Ибрахим Османбашиќ (БИХ), Миодраг Јакшиќ (Србија) и Наташа Швикарт (Словенија).