fbpx

Меѓународната федерација на новинари бара ослободување на Зоран Божиновски

-

Меѓународната федерација на новинари на својот 29. Светски конгрес, кој се одржа од 7 до 10 јуни во францускиот град Ангерс, усвои итна резолуција предложена од Здружението на новинарите на Македонија, со која се осудуваат македонските власти за апсењето на новинарот Зоран Божиновски.

„Истакнуваме дека апсењето на новинарите за наводни кривични дела без никакви факти и докази, не е практика во слободни и демократски земји. Ваквите обвинувања придонесуваат за дискредитирање на новинарите како предавници и криминалци за да се наруши нивната доверба во јавноста“, се вели во резолуцијата.

Светскиот конгрес на МФН го обврзува новиот претседател, белгискиот новинар Филип Лерут, итно да ги повика македонските власти, МВР, Кривичниот суд во Скопје и македонскиот обвинител, веднаш да го ослободат Божиновски.

МФН изрази целосна поддршка за новинарот Божиновски и на напорите на ЗНМ за заштита на слободата на медиумите и на правата на новинарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...