fbpx

Меѓународен тим на ОН го обвини режимот на Асад за употреба на хемиско оружје

-

Силите на сирискиот режим во март минатата година извршиле и трет напад со хемиско оружје, било наведено во извештајот, кој меѓународен тим на експерти синоќа му го доставил на Советот за безбедност на Обединетите нации, јавува „Би-би-си“.

Во доверливиот извештај, кој протекол во медиумите, било наведено дека има доволно докази дека сириските сили се одговорни за нападот со хемиско оружје во провинцијата Идлиб, на 16 март 2015 година.

Според документот, хеликоптери на сириската влада фрлиле буриња-бомби кои содржеле гас хлорин врз цели во Идлиб.

Организацијата за забрана на хемиското оружје, во еден од претходните извештаи, ја обвини сириската влада за други два напади со гас во 2015 година.

Сирија во 2013 година се согласи да го уништи арсеналот со хемиско оружје, согласно условите што ги договорија Москва и Вашингтон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...