fbpx

Медведев: Анкара ја брани Исламска држава поради финансиски интереси

-

Некои турски претставници имаат „директен финансиски интерес“ од трговијата со нафта со терористичката група Исламска држава, изјави рускиот премиер, Дмитриј Медведев, говорејќи за можните руски контрамерки против Турција поради уривањето на рускиот авион во Сирија.

– Дејствата на Турција се де факто заштита на Исламска држава. Тоа не изненадува, имајќи ги предвид информациите што ги поседуваме за директниот финансиски интерес на некои турски претставници кои се поврзани со набавката на нафтени производи од рафинериите што ги контролира ИД. Несовесното и криминално дејствување на турските власти, предизвика опасна ескалација на односите меѓу Русија и НАТО, што не може да се оправда со каков било интерес, вклучувајќи ја и заштитата на државните граници – рече Медведев.

Рускиот премиер соопшти дека Русија планира да откаже неколку важни проекти поврзани со Турција, како и да воведе забрана за турските компании на рускиот пазар. Русија веќе ги повика своите граѓани да не ја посетуваат Турција поради зголемени терористички закани. Неколку руски туристички оператори веќе се повлекоа од турскиот пазар.
Руските медиуми јавуваат дека официјална Москва размислува да го откаже гасоводниот проект „Турски тек“, како и изградбата на првата турска нуклеарна централа.

Претседателите на Турција и на САД, Реџеп Таип Ердоган и Барак Обама, синоќа се согласија дека треба да се намали тензијата и да се спречи повторувањето на слични инциденти.

Обама, за време на разговорот со Ердоган, изјавил дека Турција ќе го брани својот суверенитет и оти за тоа ја има поддршката од САД и од НАТО.

Во меѓувреме, висок американски функционер изјавил дека САД сметаат дека рускиот борбен авион бил урнат на територијата на Сирија, а како основа за ваквите тврдења ја земаат топлинската трага на борбениот авион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...