fbpx

Медицинските струки се виза за работа во странство за младите од Источниот регион

-

На последниот ден од уписите на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, се повтори сликата од уписите во средните училишта. Пополнети се речиси сите места на факултетите со медицинските струки. Според последните бројки до 15 часот се пријавиле 389 завршени ученици.

– Се очекува и во вториот уписен рок да има голем интерес за Факултетот за медицински науки, од студенти од Медицинскиот факултет од Скопје, кои ќе конкурираат на некои од слободните места од студиските програми – изјави Кире Барбареев, проректор за настава.

На првиот уписен рок се пријавиле 1.600 завршени средношколци. Од нив 120 се студенти од Турција, Бугарија и Србија. Покрај за медицинските науки, интерес има и за Информатика, Економскиот, Филолошкиот и Правниот факултет.

Идентична слика е и во средните училишта во Штип. Целосно пополнети се паралелките во прва година на Средното медицинско училиште „Јане Сандански“, каде се запишани 238 ученици од Штип и регионот.

Остантите три средни училишта побараа дозвола од Општина Штип да формираат паралелки со помал број од законски дозволениот минимум од 25 ученици, поради помалиот број на запишани во прва година.

Интересот за медицинските струки не е случаен. Отворена е можноста за работа во странство, особено на завршените лекари со лиценца и медицинските сестри. Германија е најчесто земјата каде заминуваат, за што покрај основното познавање на германскиот јазик, се заминува и со бугарски пасош. Во источниот дел на Македонија активни се агенции кои се специјализирани при посредувањето во наоѓање работа по германските болници.

Последиците од масовното заминување на медицински кадар од Истокот, најдобро се рефлектира во Клиничката болница во Штип, која има потреба од најмалку 100 нови работувања од средношколски кадар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...