!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Маж убиен на аеродромот „Орли“ во Париз, откако одзел пиштол од војник


       
Париз, 18 март, 2017 - 9:58 (META) 

Француските безбедносни сили утрово застрелале и убиле маж на парискиот аеродром „Орли“, откако тој посегнал и му го зел пиштолот на војник, соопштиле француските власти, јавува „Би-би-си“.

Делови од аеродромот биле веднаш евакуирани, а безбедносните операции по инцидентот продолжуваат и понатаму. Во нив, како што пренесува британскиот национален сервис, биле вклучени и експерти за деактивирање на експлозивни направи.

Минатиот месец, во инцидент во музејот „Лувр“ во Париз, беше застрелан и ранет напаѓач, кој со ножеви се нафрли на војници во музејот.