Германската полиција соопшти дека неименуван маж влетал со автомобил меѓу луѓе кои стоеле на автобуска станица во берлинскиот кварт Рајникендорф. Лицата успеале навреме да се тргнат, а возачот побегнал.
Портпаролката на полицијата, Валеска Јакубовски соопшти дека инцидентот се случил синоќа и дека се уште трагаат по возачот. Таа рече дека е утврдено дека автомобилот бил изнајмен од маж од мароканско потекло и дека полицијата го пребарала неговиот стан, но не успеала да докаже дека тој го возел автомобилот.
Германските медиуми јавуваат дека возачот откако влетал на станицата, нагло свртел, преминал на тротоарот на спротивната страна на улицата и оттаму побегнал.