fbpx

Маж од Трубарево пронајден мртов во населба Илинден

-

На улицата 34, кај местото Пуста Кула во населбата Илинден, вчера претпладне било најдено мртво тело на маж.

Како што за „Мета“ информираше СВР Скопје, по пријавата на терен излегле полициска екипа и јавен обвинител. Утврдено е дека станува збор за Д.Д., 65-годишен жител на блиското село Трубарево.

Откако лекар ја констатирал смртта, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција и за утврдување на причините за смртта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...