This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Dec 15 6:15:28 2017 / +0000 GMT

Масовен протест во Барселона против отцепувањето на Каталонија од Шпанија




Стотици илјади лица денеска излегоа на улиците на Барселона за да протестираат против плановите на регионалната каталонска влада да се отцепи од Шпанија.

Ова е најмасовниот протест против отцепувањето на просперитетниот регион од Шпанија, што ја доведе оваа европска земја на раб на национална криза.

Барселонската полиција соопшти дека на протестот учествувале околу 350.000 луѓе, додека организаторите на протестот, „Каталонското цивилно општество“, велат дека присуствувале околу 930.000 лица.

Присутните на протестот, кој се одржа под мотото „Доста е! Да се вразумиме!“, носеа шпански и каталонски знамиња и транспаренти, на кои беше испишано „Каталонија е Шпанија“ и „Заедно сме посилни“.

https://twitter.com/zazelpop/status/917046955737358336

- Каталонија и Шпанија се обединети пет векови. Никој и ништо не може да ги раздели - рече писателот нобеловец Марио Варгас Љоса, истакнувајќи дека денешниот протест е доказ дека голем број Каталонци се против независноста и превратот и дека ги поддржуваат Уставот, законите и правната држава.

Минатата недела во Каталонија се одржа референдум за независност, кој Уставниот суд на Шпаија го прогласи за нелегален. Референдумот мина во знакот на полициско насилство и со голем број повредени цивили и полицајци. Европската комисија во понеделникот соопшти дека референдумот за независност на Каталонија од Шпанија е нелегален, особено зашто излезноста била помала од 50 отсто.

https://twitter.com/AshleeDeMartino/status/916973837287329792
Post date: 2017-10-08 17:26:16
Post date GMT: 2017-10-08 15:26:16
Post modified date: 2017-10-08 19:19:03
Post modified date GMT: 2017-10-08 17:19:03
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com