fbpx

Мас: Со референдумот на дофат ви е историска шанса

-

Се надевам дека сите Македонци на 30 септември ќе го искористат своето право и ќе гласаат на референдумот. На дофат е историска шанса да се реши спорот за името и да се отвори европската перспектива на Македонија. Одлуката е во рацете на граѓаните, истакна на заедничката прес-конференција министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас со неговиот домаќин шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Според него, решавањето на спорот за името е важен чекор во правец кон Европа.

– Македонија идната година може да почне преговори со ЕУ. Јас сум сигурен дека кај одговорните лица во Скопје ќе се отвори тој пат. Ние сме за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Тоа е важно за стабилноста на регионот и затоа тоа не е само ваш туку и наш европски интерес. Истовремено, пристапувањето во ЕУ подразбира и други критериуми – правна држава, борба со корупција и организиран криминал -кажа Мас.

Димитров рече дека со посетата на Мас, по на онаа на канцеларката Меркел на Денот на независноста и утрешната на германската министерка за одбрана, не може да има појасен сигнал за германската поддршка која се темели на една основна причини дека Берлин препознава решителниот кај Република Македонија да си ги реши проблемите, да застане на нозе и тргне напред.

– Не само од себични или наши причини сум почестен со оваа посета на Мас. Живееме во Европа која е многу зафатена самата со себе Германија и министерот е пример, столб за сегашната Европа и каде сакаме да одиме, убава комбинација на европски вредности принципи – рече Димитров.

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас турнејата во регионот ја завршува со посета и средби во Атина во четврток.

Хајко Мас во грчката престолнина ќе одржи средби со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас и со лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

Тоа е прва посета на Мас на Атина, како министер за надворешни работи на Германија. На средбите ќе се разговара за билатерални прашања и теми поврзани со европската политика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...