fbpx

Марковиќ – Заев: Се надеваме дека и Македонија ќе стане членка во НАТО

-

Премиерот Зоран Заев одржа средба со премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, пред почетокот на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, на кој Македонија претседава и е кодомаќин со Црна Гора.

– Успехот на новата влада за напредок на Македонија е мотивација за регионот. Капацитетите на владата да ги сработи потребните реформи се видливи. Се надеваме дека и Македонија ќе стане членка во НАТО – изјавил Марковиќ.

Црногорскиот премиер истакнал дека имало голема промена во интересот на странските инвеститори за вложувања во Црна Гора откако државата стана членка на НАТО.

– Имаме стабилна влада, која ги обединува сите граѓани и етнички заедници во државата. Енергично работиме на потребните промени, вклучувајки ги сите во општеството. Ги развиваме искрено и динамично добрососедските односи. Со ова, веруваме дека ги отвораме европските перспективи и се надеваме дека ќе бидеме следната членка на НАТО – изјавил Заев.

На Самитот предвидена е и работна сесија на која свои излагања, освен Заев, ќе имаат и премиерите на земјите членки на Јадранската повелба: на Албанија, Еди Рама, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, како и на земјите набљудувачи, на Србија, Ана Брнабиќ, на Словенија, Миро Церар, и на Косово, Хашим Тачи.

На Самитот во македонската делегација се и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, заменик-претседателот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и пратеникот Стево Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...