fbpx

Марковиќ – Заев: Пет средби за пет месеци, продолжува соработката за развој на регионот

-

Одличната комуникација меѓу Македонија и Црна Гора е пример за добра билатерална соработка, изјави денеска во Скопје црногорскиот премиер Душан Марковиќ, на заедничката прес-конференција со претседателот на македонската Влада, Зоран Заев.

– Ова е петта средба во измениве четири-пет месеци, по таа во Брисел, Трст, Подгорица, Драч, а сега во Скопје. Применуваме нова практика за лидерите од Балканот, односно директни разговори и дијалог за доброто на сите – рече Марковиќ.

Тој истакна дека на средбата со Заев ја потврдиле посветеноста на целиот Балкан за интеграција во Европската Унија и во НАТО. Тој рече дека Црна Гора, како најмлада членка на Северноатлантската алијанса, силно ќе ги поддржи апсирациите на Македонија за членство во НАТО и ќе ги сподели искуствата од преговорите со ЕУ кои треба да помогнат за побрза интеграција.

Црногорскиот премиер најави серија билатерални договори и зачестени посети на високо ниво. Во тој контекст, рече дека во ноември министрите за одбрана и за надворешни работи на Црна Гора ќе допатуваат во Скопје.

Заев рече дека на средбата е разговарано за продлабочување на билатрелната соработка во областа на образованието, здравството, туризмот и технологиите, а најави и можост за воспоставување директен лет од Скопје до Подгорица.

– По Трст и Драч, покажуваме дека продолжува соработката за развој на регионот – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...