fbpx

Маринецот кој го уби Бин Ладен ќе го открие својот идентитет

-

Припадникот на специјалната единица на војската на САД, „Морнарички фоки“, кој го уби водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, одлучил да го открие својот идентитет, револтиран поради губењето на здравственото осигурување и пензијата бидејќи предвреме ја напуштил воената служба, пренесуваат светските медиуми.

Се очекува тој да има големо интервју за телевизијата „Фокс њуз“, овој месец.

Британскиот дневен весник „Дејли мејл“ веќе дошол до информации за идентитетот на маринецот и објавува дека станува збор за Робин О’Нил, воен ветеран, кој повеќепати бил одликуван во текот на својата кариера, која ја напуштил по 16 години служба.

Поранешниот маринец учествувал во повеќе од 400 борбени мисии и во кариерата бил одликуван 52 пати. Одлуката на О’Нил да открие дека токму тој го убил Бин Ладен, предизвика гнев во седиштето на „Морнаричките фоки“ и во Пентагон.

Неговиот татко, Том О’Нил, во ексклузивното интервју за британскиот весник изјавил дека ниту тој, ниту неговиот син се загрижени дека би можеле да бидат жртви на екстремистички организации.

Во специјална емисија на „Фокс њуз“, насловена „Човекот кој го уби Осама бин Ладен“, О’Нил се очекува да зборува за својата одлука и за деталите од мисијата во која беше убиен првиот човек на Ал Каеда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...