fbpx

Марин: По 15 октомври општина Аеродром ќе добие нова локална власт предводена од СДСМ

-

„Последните осум години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на Ивица Коневски ја уназадија општина Аеродром и го влошија квалитетот на живот на граѓаните. Улиците се полни со дупки, има проблем со пристапните патишта, застарените водоводни мрежи и запоставената инфраструктура“, изјави денеска Златко Марин, кој ќе биде кандидат за градоначалник од СДСМ на локалните избори за таа општина.

– Листата на проблеми на жителите на општина Аеродром е долга и широка, а причината за тоа е една – катастрофалното работење на Коневски и на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот во заминување троши илјадници и илјадници евра на празни реклами, а многу малку инвестира во решавање на главните проблеми на граѓаните. Само 5 отсто од буџетот се инвестирани во капитални инвестиции секоја година – изјави Марин.

Граѓаните на Аеродром заслужуваат локална власт која ќе го слуша нивниот глас, вели Марин и додава дека по 15 октомври општина Аеродром ќе добие нова локална власт предводена од СДСМ.

Тој вети дека доколку стане градоначалник, прво ќе го запре градежниот хаос, ќе направи ревизија на деталните урбанистички планови и ќе се бори против загадувањето со конкретни национални и локални мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...