fbpx

Маноиловски: Државата да застане зад пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат „за“

-

Амнестија за сите и поддршка од државата за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат за Договорот со Грција, предложи пратеникот на ДУИ, Бранко Маноиловски на денешниот трет ден на расправата за уставните измени согласно Договорот со Грција.

-Неколку дена слушам разговори филозофии, но се се сведува на едно. Да одиме во ЕУ и НАТО. А за тоа, знам јас, дека сите сметаат дека треба да одиме. Проблемот е што вмровците, прекрасни луѓе, зависат од партијата. Јас би сакал да предложам нешто практично. На секој еден вмровец кој ќе гласа за овој предлог, државата да стои позади него и да гарантира за неговата иднина. И втор предлог, да се амнестираат сите грешници до сега, амнестија за сите. Поевтино е, се друго е скапо. Затворот е скап, дајте да ги амнестираме, тие и досега премногу патеа и поминаа низ маки. Размислите малку и ќе видите дека последниот збор секогаш е пари, економија. Се другото е компликации, затоа да размислиме, што е исплатливо повеќе. Доста со филозофии за минатото, тоа веќе помина. Сега ни треба леб на астал, децата да одат во школо. Бидете практични драги деца, имам право да го речам тоа бидејќи сум најстар – рече Маноиловски.

Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ даде предлог промената на уставното име да дојде откако ќе влеземе во ЕУ и НАТО.

-Ако е условено нашето интегрирање со промена на уставното име од грчка страна, ние да условиме, прифаќање на уставното име да се применува по нашето зачленување во НАТО и ЕУ. Со тоа условеноста и ние ќе ја условиме. Предлагам, ако ова се прифати да тоа биде предлог на опозицијата. За таквиот предлог да се произнесат од власта и тоа да биде основа за преговарања на опозицијата и позицијата на лидерско ниво, а потоа и на сите партии. Барам да има и гаранции на македонскиот идентитет кои што ќе гарантираат државотворност на македонскиот народ – рече Минов.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги поздрави предлозите на Минов, но смета дека, голем е ризикот од нов процес на преговори.

-Во извесен дел вашата дебата е апсолутно вредна за размислување. Во процесот на разговори во сите овие изминати години, особено последната што доведе до излез од ќор-сокакот, одвај ги врзавме двата краја и мислам ако отвориме нов процес на преговори, ризикот да ја испуштиме оваа шанса ние и а нашите соседи е огромен. Комисијата за историските прашања за прв пат е предложена од македонска страна во 2007 година како една од мерките на градење доверба. Нејзината мисија е во тешките моменти каде што се допираат двата наратива, преку факти да се обидеме да не создаваме непријателство туку да поинклузивен процес – рече Димитров.

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби рече дека ставот на партијата е дека единствено помирување кое може да се случи е помирувањето во Брисел.

– Помирете се сами со себе дека треба да бидете пријатели со западниот свет, со Трамп, со Меркел, со Меј, со Макрон. Тогаш сте се помириле и со самите себеси и со нас. Померете се со себе си и гласајте „за“ – рече Груби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...