fbpx

Мандатот на Богов истекува денеска, на седницата нема точка за избор на гувернер

-

Мандатот на гувернерот Димитар Богов истекува денеска, на Собрание е закажана 46. седница од 11 часот, но на дневен ред ја нема точката за избор на гувернер.

Претседателот Ѓорге Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка, откако Богов, кој беше предложен за втор мандат, се откажа од кандидатурата по реакциите и полемиките во јавноста за негов повторен избор.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска на координација ќе го разгледаат предлогот на Иванов за Ангеловска Бежоска, но координаторот Томислав Тунтев најави дека таа ќе биде поддржана.

– Сметам дека Ангеловска Бежоска, која што е докажан експерт и професионалец во својата област, ја заслужува нашата поддршка. Само да потсетам дека лани летото ние како пратеничка група го искажавме нашиот афирмативен став и ја дадовме нашата поддршка за Анита Ангеловска Бежоска, кога го поддржавме и гласавме за нејзиниот реизбор на функцијата вицегувернерка – рече Тунтев.

Иако политичките партии беа разединети околу предлогот за гувернер, во едно беа обиденети, Народна банка да не се остави без гувернер.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се изјаснија дали ќе ја поддржат Ангеловска Бежоска за оваа значајна функција.

Ангеловска Бежоска осум години е на функцијата вицегувернер во Народната банка задолженa за областите монетарна политика, истражување и статистика. Таа беше реизбрана за вицегувернер на Народната банка, на предлог на Богов, на 20 септември 2017 година во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...