fbpx

Манчевски: Вработените според Рамковен ќе бидат распределувани и во училишта

-

Луѓето што примаат плата според Охридскиот рамковен договор, а не одат на работа, ќе бидат распоредувани на работни места не само во јавната администрација, како досега, туку ќе добијат понуда да работат во целиот јавен сектор, односно и во училишта, градинки, здравствени установи, јавни претпријатија, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој појасни на 1.600 вработени според Рамковниот договор ќе им биде понудено работно место, а доколку не го прифатат, ќе бидат ставени на трансфер листа од каде повторно ќе може да бидат распоредени за потребите на друга институција доколку тоа биде прифатливо за нив.

Тоа го овозможуваат промените на четири закони и амандманската интервенција во Законот за јавна администрација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...