This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Nov 25 9:21:13 2017 / +0000 GMT

Манчевски: Владата нема да иницира регулирање на работата на порталите




Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска соопшти дека Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми за да се регулира работата на порталите. Сепак, тој додаде дека остануваат отворени за сугестии за законот ако професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа.

- Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, треба да дојдат по барање од медиумските работници. Мислам дека ни треба консензус како општество ако треба да го отвориме ова прашање, истакна Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставникот за медиуми во ОБСЕ, Харлем Дизер.

Манчевски рече дека Македонија не само што има сериозен проблем со лажните вести, туку е и извор за глобални лажни вести.

- Работиме заедно и веќе разговарав со претставникот за медиуми на ОБСЕ, Харлем Дезир, но и со други наши помагачи како може ова прашање на глобално ниво да го адресираме. Ние како Македонија, како мала земја сме прилично голем играч во областа на лажните вести и во рамки на Глобалниот самит за Западен Балкан што ќе се одржи на пролет ќе има посебен панел само за ова – рече Манчевски, додавајќи дека на самитот ќе бидат поканети сите големи медиуми и меѓународни организации.

foom-logo-disklejmer Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.