fbpx

Манчевски: Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера

-

Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера и за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во воведниот говор на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.

– Иронично е да се каже Владата да биде мотор на реформи во медиуми. Тоа треба да бидат медиумските работници и самите медиуми. Нам, како Влада, единствена амбиција ни е да им обезбедиме простор, дебата и механизам. Ние сме алатка за спроведување на тоа што тие сметаат дека треба да се донесе – изјави Манчевски.

Министерот рече дека Владата е тука за да чуе какви измени се потребни, но оти дебата треба да биде полезна и да не трае до недоглед бидејќи треба да се носат одлуки и решенија.

– Во поглед на интернет-порталите што пласираат информативни содржини, мој личен предлог е да се декларира минимум еден уредник и законски да се уреди тоа порталот да не смее да биде во сопственост на офшор-компанија. Мислам дека можеме тоа да прифатиме и тоа се однесува на портали што се регистрираат во Македонија – рече Манчевски.

Тој истакна дека постои голем етички проблем во однос на тоа до каде треба да се оди во регулацијата, а кога веќе се навлегува во приватноста.

– Ова се прашања на кои Владата не треба сама да нуди одговор, туку треба да отвориме дебата. Ако станавме познати како извор на „лажни вести“, можеме да станеме и место каде што почнало да се дебатира за некаква координирана иницијатива или акција – изјави Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...