fbpx

Манчевски: Владата не се меша, новинарите нека се договорат какви промени сакаат

-

„Владата во последно време беше прозивана дека сака да се меша во уредувачката политика на медиумите. Но, Владата не сака да ги контролира медиумите и ниту треба, ниту сака да биде мотор на реформите, туку само сакавме да овозможиме на новинарската бранша простор и механизам да се направат реформите на законот, на кој и ние претходно бевме жртви“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на собраниската седница на која се одговараше на пратенички прашања.

Тој ги коментараше дебатите за измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и критиките што се упатуваат до Владата како предлагач на законот.

– Ова не е првата верзија на законот, имаше можеби четири, имаше повеќе консултации, јавни дебати, сè е резулат на нечиј предлог, сите заинтересирани страни учествуваа. И одеднаш сме обвинувани дека се мешаме во уредувачката политика. Сега, откако ги прифативме сите сугестии и од дебатите што ги организиравме и од други дискусии, повторно има критики, па имам дилема дали воопшто треба Владата да предлага измени. Па, по она што го слушам, изгледа е добар овој закон и не треба да се прават измени – рече Манчевски.

Тој рече дека ако веќе не се прифаќаат решенијата што се предложени, веројатно треба новинарските здруженија и другите чинители да побараат друг начин за да се донесе закон каков што им одговара.

– Еве, има начини, нека собираат тука потписи во Собранието, нека предложат – рече Манчевски.

Одговарајќи на прашањата на пратеникот Артан Груби, Манчевски рече дека со укинувањето на радиодифузната такса, конечно телевизијата има стабилен извор на финансирање и точно ќе знае кога ќе има пари за да ги планира. Според Манчевски, во буџетот има доволно пари и за да се почне со работа со 24-часовниот телевизиски канал на албански јазик, само треба МРТ внатрешно да се организира и да го создаде тој канал, додека за 24-часовниот радио-канал проблемот ќе се реши полесно, само со статутарни измени.

За направените долгови на јавниот радиодифузен сервис, Манчевски посочи дека е станува збор за ненаменско трошење пари и за прескапо плаќање за одредени услуги и содржини.

На прашањето за вработените во Секретаријатот за Рамковниот договор, Манчевски смета дека тој проблем ќе се реши со новата систематизација. Според таквата замисла, би се направиле измени со кои би се овозможило вработените да бидат прераспределувани не само во државната администрација, туку во целата јавна администрација, а како можно одредиште на дел од кадарите ја посочи Управата за водење на матичните книги, каде треба да се спроведува дигитализација на изводите од матичните книги на родените, на венчаните и на умрените.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина собраниската седница пред 18 часот поради протоколарни обврски на сите пратеници, откако пратеничката Лилјана Кузманоска постави три прашања за задолжувањето и за проблемите со ОХИС, за кои писмено ќе ѝ биде одговорено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...