fbpx

Манчевски: Со реформите ќе се деполитизирa администрацијата и ќе се отворат податоците

-

Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година која вчера беше усвоена на владина седница предвидува четири клучни области – креирање и размена на политики, јавна служба и управување со човечки ресурси, одговорност, отчетност и транспарентност и давање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата, информираше денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Тој истакна дека во стратегијата се предвидува и план за деполитизација на администрацијата кој, како што рече, е еден од основните проблеми кои што биле детектирани во изминатиот период. Деполитизацијата, вели Манчевски, ќе се врши, преку унапредување на постапките за селекција, вработување и унапредување врз начелата на заслуги, еднаков и фер третман, како и правична застапеност на сите заедници. Посебно внимание ќе се посвети на професионализацијата на високите раководни структури и ќе се воведе категорија на високи државни службеници.

Во Стратегијата е предвидено и дефинирање на системот на плати и подготвување на нов закон за плати во јавниот сектор. Целта, вели Манчевски, е утврдување на правичен систем на плати кој ќе биде заснован на принципот „еднаква плата за еднаква работа“.

– Значаен дел од Стратегијата претставува и системот за отворени податоци. Тоа е стратешки пристап на отвореност и достапност на информации за што е потребна сериозна кадровска и техничка подготвеност на сите институции. Сега на различно ниво е подготвеноста на институциите и тоа е најголемиот предизвик. Голем дел од овој проект е обуката но и подигнувањето на свесноста внатре во институциите за важноста на овој систем. Преку системот ќе бидат достапни голем број на бројки, анализи, конкретни податоци извлечени од документи. Сите институции ќе ја имаат обврската сите документи да ги преработат во мета податоци за да може да бидат лесно поврзливи и да може да се прават споредби, анализи и да се согледуваат состојбите – рече Манчевски.

Тој информираше дека од оваа година ќе профункционира и Централниот електронски регистар на населението и дека значително ќе се зголеми бројот на електронски услуги достапни за граѓаните.

– Реформата на јавната администрација е од клучно значење и за животот на граѓаните и за евроатлантските интеграции и затоа одлучивме Советот за реформи во јавната администрација да го води премиерот Зоран Заев – додаде Манчевски.

На прашањето што се случува со оние луѓе кои се вработени и земаат плата, а не доаѓаат на работа, Манчевски рече дека со законските измени кои веќе се во процедура овие луѓе, согласно нивните квалификации, ќе можат да бидат прераспределени во целиот јавен сектор, како болници, училишта и јавни претпријатија, а не како до сега само во министерствата и уште мал број други институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...