fbpx

Манчевски: Со новиот Закон за инспекциски надзор, се воведува опомената пред казна

-

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција го претстави новиот Закон за инспекциски надзор, усвоен на последната владина седница.

„Целта е да се воведе нов концепт на инспекциски надзор преку планирање на инспекциите на основа на проценка на ризик. Инспекциите нема да може повеќе да се користат како механизам за политички или економски притисок. Проценката на ризик ќе се прави при подготовката на годишниот план за работа на инспекциската служба. И најважно, со овој закон се воведува опомената пред изрекување на казна, како правило“, информираше Манчевски.

Тој истакна дека, инспекцискиот надзор ќе престане да биде механизам за полнење на буџетот.

„Субјектите најпрвин ќе добиваат опомена и рок да ја отстранат неправилноста, пред да се изрече казна. Само на таков начин инспекцијата нема да се доживува како репресија. Исклучок од ова ќе бидат случаите кога инспекторот ќе оцени дека утврдените неправилности можат да предизвикаат опасност по животот и здравјето на граѓаните, финансиска штета, загрозување на животната средина или загрозување на јавниот интерес“, додаде тој.

Со законот се воведува и нов систем за стекнување на лиценца за инспектор, како и нов систем за постојана обука и стручно усовршување на инспекторите.

„Со досегашниот систем, никој нема да може да стане инспектор во следните неколку години, а се соочуваме со недостаток на инспектори. Предвидени се и повисоки плати за инспекторите, како и механизми за нивна поголема заштита при работата“, рече Манчевски и потенцираше дека платите ќе се зголемуваат постепено.

За 10 процентиќе бидат зголемени на почетокот на 2020-та, а ќе достигнат зголемување од 30 проценти во 2022.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...