fbpx

Манчевски: Прв чекор за намалување на загадувањето е смената на власта

-

Наместо краткорочни и ненавремени мерки, потребен е сериозен пристап во решавање на проблемот со загадување на воздухот, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Манчевски вели дека СДСМ ќе го врати зеленилото во градските средини преку зголемување на задолжителниот процент на зеленило во Законот за просторно и урбанистичко планирање, а гасификацијата на Скопје ќе биде нивниот стратешки проект.

– Во сообраќајот ќе промовираме употреба на гасни горива од типот природен гас и пропан-бутан. Ќе го стимулираме јавниот и организираниот превоз во градските средини и во поголемите компании. Во индустријата, ќе обезбедиме нови поволни кредити за замена на еколошки застарени технолошки линии за производство и за инсталација со ефикасни системи за намалување на загадувањето на воздухот – вели Манчевски.

Според потпретседателот на СДСМ, прв и најважен чекор за намалување на загадувањето е смената на власта, затоа што, како што вели Манчевски, само нова и одговорна власт може да го намали загадувањето на воздухот и да го подобри квалитетот на животот на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...