fbpx

Манчевски на Светскиот саем за мобилна технологија во Барселона

-

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски присуствува на Светскиот саем на мобилна технологија во Барселона, кој почна вчера и се одржува до 1 март.

Денеска почна министерската агенда на која што учествуваат министри и високи функционери, каде Манчевски ќе има прилика со колеги од другите држави во Европа и светот, да разменат искуства за дигитализацијата.

Манчевски ќе има повеќе средби со компании со кои ќе разговара за можноста за трет мобилен оператор во Македонија. Владата и Министерството за информатичко општество и администрација, во моментов работат на подобрување и создавање на условите за компаниите да имаат интерес да инвестираат во Македонија.

Со законски измени во Законот за енергетика, се овозможува користење на државната мрежна инфраструктура за приватни компании. Во моментов за прв пат државата ги мапира постоечките ресурси, што ќе овозможи да се има јасна слика за моменталната состојба. Целта е граѓаните да добијат поквалитетни и поевтини услуги.

Исто така, МИОА подготвува Национален оперативен план за широкопојасен интернет. Ова е еден од предусловите за зголемување на бројот на е-услуги што се предвидува да се реализира во текот на оваа година. По мапирањето на белите зони, ќе се инвестира во сите региони од државата каде има потреба од тоа.

Конгресот во Барселона, министерот Мачевски ќе го искористи и за најава на Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан, којшто како дел од Берлинскиот процес ќе се одржи на 18 и 19 април во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...