fbpx

Манчевски: Почнуваме со хоризонтална анализа на администрацијата за да се среди хаосот

-

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) започнува со спроведување на хоризонталната анализа на јавната администрација, најави министерот на МИОА Дамјан Манчевски

– Ова значи дека конечно во Македонија, ќе воведeме ред во хаосот што постои во системот. На овој процес му претходеше мапирање на постојните институции во земјата. На почетокот на годината со поддршка од канцеларијата на УНДП во Скопје, беше спроведена анализа на правната рамка со која се регулираат институциите од јавниот сектор. Направивме и мапирање на институциите од јавниот сектор и групирање по статус и вид, линии на одговорност и други релевантни информации. Дополнително, беше спроведена хоризонтална функционална анализа на инспекциските служби. Целта беше да се оцени поставеноста на инспекциските служби во системот на државно уредување, нивната меѓусебна поврзаност, внатрешната организација и систематизација на работни места, интерните работни процеси, располагањето и користењето на опрема и средства за работа и слично – рече Манчевски.

Тој додаде дека овие две анализи ја даваат основата на концептот за реорганизација.

– Сега имаме и јасна слика за тоа како треба да изгледа администрацијата, за да може подобро да им служи на граѓаните. Придобивките од хоризонталната анализа се повеќекратни ќе се воспостават рамки за институционална организација, ќе се адресира проблемот со преклопување на надлежностите на институциите, ќе се реши и проблемот со институции со еден човек, ќе имаме јасни критериуми за тоа кои институции од кого можат да бидат основани, која институција пред кого одговара – додаде Манчевски.

Целта е, како што вели, инситуциите да се групираат по области на дејствување и да се дефинира профилот на институциите.

– Можеме да очекуваме дека во текот на спроведување на хоризонталната анализа, ќе се појави потреба од укинување на институции, намалување на бројот на управни одбори. Крајната цел е да се подобри работата на институциите, а со тоа и квалитетот на услугите што институциите ги нудат до граѓаните – додаде Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...