fbpx

Манчевски: Од вработените по Рамковен договор, 958 ќе почнат да одат на работа

-

Направен е план за распределба на работни места во институциите од јавниот сектор на 958 лица од вкупно 1.600 кои се вработени согласно Рамковниот договор, соопштија денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика.

– По анализата на која што работевме изминатиот период и спој на потребите на институциите и професионалните квалификации на вработените, направивме план за распределба на 958 лица, вработени по Рамковен договор. Основни критериуми по кои се водевме при распределбата се образованието, работното искуство, моменталната состојба со бројот на вработени во институциите каде се распределуваа и местото на живеење – објасни министерот Манчевски.

На процесот им претходеа измени во Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за Управата за јавни приходи, Законот за даночна постапка и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

На вработените им се дава една шанса да одбијат некое работно место. Повторното одбивање ќе значи „отказ“, односно раскинување на договорот.

-Тоа што е важно да се напомене е дека доколку овие лица одбијат да бидат распределени на работните места предвидени за нив според споменатите критериуми, ќе бидат префрлени на трансфер листата на МИОА. Во моментот кога ќе бидат побарани за превземање, имаат обврска да ја прифатат понудата. Доколку повторно одбијат, со нив договорот ќе биде раскинат – информираше Манчевски.

Вработувањата на овие лица започнало во 2008 година, и се до 2014-15 година, биле вработувани во согласност со објавените огласи во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...