fbpx

Манчевски: Новата влада ќе работи на унапредување на состојбата со правата на ЛГБТИ-лицата

-

Новата влада ќе работи на унапредување на состојбата со правата на ЛГБТИ-лицата во Македонија, изјави дека потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на конференцијата посветена на состојбата со правата на ЛГБТИ-лицата во Македонија, организирана по повод Меѓународниот ден за борба против хомофобија, трансфобија и бифобија (IDAHOBIT).

– Ова е симболичен ден и добро е што политичките партии храбро зборуваат на овие теми. Во политичките партии не ретко има консензус за овие прашања. Што ќе направиме? Сè она што ветувавме претходно. Јавно кажуваме дека еден од приоритетите е воспоставување на еден целосно нов систем за отстранување на сите форми на дискриминација, реформирање на КДЗ со нови лица кои ќе се посветат на работата во врска со овие права, промена на законот за заштита од дискриминација. Ќе спроведуваме обуки на судии за препознавање на дискриминација за судска заштита. Сведоци сме на насилства од омраза. Секој треба да ужива во своите човекови права без разлика на неговата сексуална ориентација. Јавно признаваме дека оваа категорија луѓе годиниве се една од најдискриминираните групи граѓани во Македонија – рече Манчевски додавајќи дека ќе се исполни и нивното барање за воведување сексуално образование во школството.

Манчевски истакна дека државата наместо говор на омраза, ќе промовира толеранција кон сите што се различни и оти ЛГБТИ-заедницата има партнер во новата власт.

– Во Холандија имаме многу дебати за ЛГБТИ-задницата, за борбата против дискриминацијата, како и посебен член од законот кој се однесува на тоа. ЕУ има усвоено насоки токму за овие прашања, кои се темел на демократијата. Многу често правиме измени на законите и на практиките, кои се во полза на граѓаните на земјата. Промените во законодавството се важни за сите граѓани, затоа што со нив се промовираа и се подобруваат нивните права, кои се основни и универзални човекови права. Тие се клучни за ЕУ, а мора да се случат и во Македонија. ЛГБТИ-лицата мора да станат повидливи, поприсутни во медиумите и во дебатите, а политичарите да говорат за овие проблеми како во партиите, така и во јавноста – рече Ваутер Пломп.

Активистот и претседател на „Субверзивен фронт“, Антонио Михајлов, и покрај тоа што СЗО ја тргна хомосексуалноста од класификацијата на болести, истакна дека патологизирањето сè уште е присутно за транс-лицата.

– Транс-лицата сè уште ги има во класификацијата, како родова дисфорија. За среќа, Македонија ја декриминализираше хомосексуалноста. Последниве 10 години има закони: некои ја имаат сексуалната ориентација како заштитна основа, но родовиот идентитет не фигурира во законодавството, како и самата практика во менување на законите. Македонија е на дното од европските земји. Во 2017 година уште многу прашања стојат нерешени – вели Михајлов, додавајќи дека Европската комисија ги нотира овие проблеми во извештајот за напредокот на Македонија.

На крајот на манифестацијата, беше доделена и наградата „Поддржувач на годината“, која годинава му беше доделена на лидерот на Либералната партија, Ивон Величковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...