Манчевски: Медиумите треба да ги мотивираат граѓаните да бидат коректив на власта


       
Скопје, 3 мај, 2018 - 10:45 (META) 

Слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество. Тие се важна алка за градење на развиена држава, за социјален и економски напредок и одржлив развој. Нападот врз слободата на медиумите, е напад врз владеењето на правото и напад врз човековите права, порача министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски по повод 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите.

„Јавноста мора да биде постојана контрола на власта. Важноста на медиумите е огромна, особено во областите на правдата и владеењето на правото. Затоа важна е транспарентноста на политичките процеси, независноста на медиумите и медиумската писменост. А од најголема важност за тоа да се постигне е отчетноста на државните институции кон јавноста. Измените во законот за АВМУ, подготвени заедно со сите засегнати страни, гарантираат услови за професионализација на медиумските тела. Овозмужуваат слободно и независно работење на медиумите во државата. Најважно од се, даваат шанса за политичарите да ги тргнат рацете од медиумите. Медиумската заедница треба да ја превземе контролата врз медиумскиот сектор. Овој закон овозможува дополнителни механизми за саморегулација“, порача министерот.