fbpx

Манчевски: Ќе анализираме каде има поклопување во администрацијата

-

Ќе се прави хоризонтална функционална анализа на јавната администрација, за да се утврди каде има дуплирање, за таа потоа да се реорганизира и оптимизира, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој рече и дека половината од државните органи биле формирани без јасни граници на дејствување и честопати има поклопување на надлежностите.

– Ова значи дека конечно во Македонија ќе воведeме ред во хаосот што постои во системот – рече тој на денешната прес-конференција во Владата.

Манчевски појасни дека досега се правело мапирање на постоечките институции, што, како што рече, досега во Македонија не е направено. Се правела и анализа на правната рамка со која се регулираат институциите од јавниот сектор, а било направено и групирање по статус и вид, линии на одговорност и други релевантни информации.

Посочи дека половина од државните органи се формирани без да им се определат статусот и линиите на одговорност, поради што имало и поклопување на надлежности.

– Анализата на регулативата, покажа дека само 62 органи се регулирани со Законот за организација и работа на органите на државната управа,  додека 66 со посебни закони. Ова значи дека повеќе од половина од државните органи се формирани без да им се определи јасно статусот, не се препознаваат линии на одговорност, а постои и поклопување на надлежности.  Регулативата со која се формираат агенциите  и  инспекциските  служби  на  централната  власт  е фрагментирана,  сложена,  нејасна  и  предмет  на  чести  измени  и  дополнувања – рече министерот.

Од хоризонталната функционална анализа тој очекува да се воспостават рамки за институционална организација, да се реши проблемот со преклопување на надлежностите на институциите и ќе се реши и проблемот со институции со еден човек

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...