fbpx

Манчевски: Имаме докази дека напаѓачите се дел од јавната администрација

-

„Од снимките, граѓаните масовно ги препознаваат извршителите на Груевски, Мијалков, Чавков и на Вељаноски. Сите до еден им беа познати на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и се дел од партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се директори на јавни претпријатија, раководители на сектори, вработени во МВР, вработени во јавни претпријатија и примаат плата од државата“, изјави на прес-конференција потпретседателот на СДСМ и пратеник, Дамјан Манчевски.

– Тие во Собранието беа пратени за да извршат обид за убиство и се тешки криминалци и убијци. Димче Христоски – Жабата од Прилеп го нападна Зоран Заев. Димитар Пецов од Струмица ја нападна Радмила Шекеринска. Меѓу насилниците е и Игор Југ, претседател на здружението „Владо Георгиев Черноземски“, потоа Никола Митревски – Кољо, Аднан Мемед – шеф на кабинет на Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари и син на Амди Бајрам, Горан Ангелов од Велес, Предраг Петрушевски – Бинго, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, осомничен во случајот „Титаник“ на СЈО за лажни лични карти, Андреј Илиев, потполковник во АРМ, Митко Михајловски – Џачката, вработен во МВР, директорот на „Водовод и канализација“, Александар Атанасов, а таму беше и Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков – рече Манчевски и покажа фотографии за секоја од наведените личности.

Манчевски додаде дека најважно од сè е пред лицето на правдата да излезат и нарачателите Груевски, Иванов, Вељаноски, Чавков, кои, како што рече потпретседателот на СДСМ, се обиделе да предизвикаат меѓуграѓански, меѓуетнички судир, државен удар и да предизвикаат основа Иванов да прогласи воена состојба.

На новинарско прашање кога очекува да се свика Собранието, Манчевски рече дека во првиот момент кога ќе се создадат услови од различен аспект за да може да се собере Собранието и да продолжи работата, тоа и ќе биде направено.

Манчевски рече дека досега ниту еден пратеник од СДСМ не е повикан во обвинителството за каков било исказ.

– Ние, покрај овие видеоснимки, собравме и опсежна медицинска документација, официјална од соодветните надлежни медицински установи, со која се потврдуваат повредите кои потешки, кои полесни, што ги претрпеа голем број од нашите пратеници. Сето ова ќе биде доставено до ОЈО во текот на утрешниот ден или во вторник – додаде Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...