fbpx

Манчевски и Богоевски порачаа: Граѓаните на 11 декември ќе го казнат Груевски

-

Никола Груевски пишува фејсбук-статуси за наводни нови работни места затоа што не може да ги погледне в очи граѓаните што 10 години ги лаже, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

– Во тие 10 години, власта на Груевски затвори најмалку 10.000 домашни фирми. Колку не мислеше Груевски на домашните фирми покажува тоа што домашните претпријатија добиваа мизерни 2 евра државна помош, годишно! Овие погрешни политики на Груевски се нотирани и во извештајот на Европската комисија каде што се забележува дека е намален бројот на новоотворени домашни фирми! – рече Манчевски.

Тој истакна дека Груевски ги уништил домашните фирми преку огромните казни и давачки што ги спровел со неговите соработници, а не обезбедил странски инвестиции како што ветувал, бидејќи Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот и во Европа.

– За целата деценија владеење, работат само бизнисите на Груевски, Мијалков и фамилијата, кои крадат од граѓаните и ги сиромашат, поради што над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, а над 626.312 илјади луѓе ја напуштија Македонија. Груевски го изгуби правото што било да ветува, ниту пак ја заслужува довербата на граѓаните – рече Манчевски, додавајќи дека граѓаните на 11 декември ќе ги казнат Груевски и фамилијата и ќе изберат живот во Македонија!

Активистот Павле Богоевски, кој е кандидат за пратеник истакна дека со години наназад илјадници граѓани протестираат на улиците против криминалите на оваа власт.

– ВМРО ДПМНЕ се лаже ако мисли дека тие граѓани ќе го дадат својот глас за носителите на криминалот во Република Македонија.  Откако преку улица им ги уништивме аболициите коишто им ги одобри Ѓорѓе Иванов тие сега мислат дека ќе можат да се спасат од притвор преку пратеничкиот имунитет.  На 11 декември граѓаните на Република Македонија цврсто и одлучно ќе му кажат на Никола Груевски и на останатите носители на криминалот во Република Македонија дека во оваа држава повеќе нема место за криминал во власт – рече Богоевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...