fbpx

Манчевски: Догодина целосно функционален Централен регистар на населението

-

Реформите во јавната администрација се значаен дел од процесот на интегрирање во ЕУ и треба да ги подготват земјата и јавниот сектор ефикасно да се справуваат со предизвиците на евроинтеграциите, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната прес-конференција, посветена на проектот „Гоу диџитал -Помош за реформите на јавната администрација и зајакнување на капацитетите на Министерството за информатичко општество и јавна администрација“.

– И покрај застојот во усвојувањето, особено е важно да се спроведе стратегијата за реформа на јавната администрација. Важно е да се почитува правната рамка за назначување и за разрешување, односно сите вработувања и отпуштања да бидат во согласност со законските прописи. Централниот регистар е клучен извор на податоци за сите други регистри, како што е регистарот на гласачи, на даночни обврзници, пензиски осигуреници и слично. Регистрите се национално богатство и примената на овие податоци е од круцијално значење за соодветно креирање на политиките и за нивно спроведување. Ова е основа за отчетност и за усогласеност на сите институции во однос на воспоставувањето и на редовното пополнување на овие регистри. Последната компонента на проектот се однесува на услугите кои се нудат на граѓаните, која треба да го скрати времето да се добие една услуга – рече Жбогар.

Тој истакна дека управувањето со реформите на јавната администрација не е лесна задача и дека затоа е потребно вклучување на целиот јавен сектор.

Министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски, рече дека проектот игра клучна улога во модернизацијата на администрацијата, но и во нејзиното проближување до граѓаните.

– Преку новите функционалности, граѓаните и бизнис-секторот ќе добијат шанса почесто и на подиректен начин да се консултираат со Владата и со нејзините институции – рече Манчевски, додавајќи дека веќе се работи на нова стратегија за реформа на јавната администрација, која е дел од втората компонента од проектот „Гоу диџитал“.

Тој истакна дека Македонија следната година ќе добие комплетно функционален Централен регистар на населението, кој ќе ги реши проблемите на граѓаните со базите на податоци, односно дека ќе треба да исчезнат проблемите со избирачкиот список, со личните карти, со здравствените картички и со други документи и податоци со кои граѓаните имаа проблеми.

Со проектот за вмрежување на базите на податоци, граѓаните нема да имаат потреба во секоја институција до доставуваат докази за место за раѓање, државјанство и слично, бидејќи сите тие податоци ќе бидат внесени во регистарот. Сепак, институциите нема да имаат неограничен пристап до сите податоци на граѓаните, туку само до тие што се потребни за услугата која ја нудат. Ограниченоста на пристапот е за да се заштити приватноста на личните податоци. Преку националниот портал за услуги, граѓаните ќе можат да се информираат за процедурите и за потребните документи за одредени услуги, а пред секоја измена на процедурата, институциите прво ќе мора тоа да го наведат во порталот, па дури потоа, откако граѓаните ќе бидат информирани, да почнат да ја применуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...