fbpx

Манчевски: Дигиталната трансформација е скап процес на раст и развој

-

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати во министерскиот панел на тема: „Дигитална економија- мотор за економски развој“, во рамки на меѓународната конференција „Дигитолкс“, што вчера и денеска се одржува во Приштина.

Манчевски зборувајќи за дигиталната трансформација како основа за дигитална економија, се осврна на предизвиците што ги носи новото време и потребата од реорганизација како на јавниот така и на приватниот сектор.

„Дигиталната трансформација е процес на раст и развој. Многу скап процес, што не остава простор за грешки. Нашата цел е јасна, да ги максимизираме можностите што ги нудат новите технологии и да создаде средина што одговара на дигиталната ера, која ќе донесе раст, ќе ги зголеми инвестициите и ќе создаде нови можности за бизнисите во сите сектори“, истакна Манчевски.

Како што потенцираше тој, ако приватниот сектор ја прифаќа потребата од промена нема зошто тоа да не го направи и јавниот сектор.

„Патот на дигиталната трансформација не е лесен. Потребни се инвестиции во инфраструктурата, но и во човечкиот ресурси. И не само инсталирање на хардвер и софтвер. Најчесто, дигиталната трансформација значи целосен редизајн на процесите. Владите кои ќе постигнат успех во процесот на дигиталната трансформација ќе бидат поуспешни“, рече Манчевски.

Тој додаде дека Македонија го започна патот на дигиталната трансформација, а резултатите од оваа трансформација ќе бидат видливи од почетокот на 2019 година.

„Воведуваме електронски регистар на граѓани. Новиот Национален портал за е-услуги ќе биде промовиран на почетокот од 2019 година. Создаваме Каталог на сите административни услуги што администрацијата ги нуди за граѓаните и бизнисите. Граѓаните ќе можат да добијат информации за било која услуга на едно место. Ја усвоивме Стратегијата за отворени податоци. До крајот на оваа година, новиот отворен портал за податоци ќе биде ставен во функција“, додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...