fbpx

Манчевски: Да се зголеми бројот на надземни пешачки премини

-

Да се ограничи брзината на движење на возилата на 50 километри на час, да се зголеми бројот на надземни пешачки премини, да се унапреди велосипедската инфраструктура, но и генерално да се подобрат вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, се некои од предлозите што советничката група на СДСМ ќе ги поднесе до Град Скопје.

– Овие идеи се за да не гинат луѓе по улиците – вели Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ.

Советничката група на опозицијата побара и Градот да достави информација за она што треба да се гради на местото на бараките каде сега се наоѓа администрацијата на градот.

– СДСМ и опозицијата целосно ќе се спротистават на градење на кејот 13 Ноември. Се работи за улица која ќе биде изградена пред Градскиот трговски центар и која целосно ќе го наруши движењето на пешаците во овој дел од градот. Длабинската анализа покажува дека најголемите кратења се однесуваат на изградба и на реконструкција на улици. Ова е сосема спротивно на интересите на граѓаните на Скопје и апсолутно е неприфатливо во време кога се градат панорамски тркала, барокни фасади и друг раскош и луксуз, да нема пари за основните потреби на граѓаните на Скопје. Скопје одамна заслужи многу повеќе и многу подобро – вели Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...