fbpx

МАН: ЗНМ и СДСМ да не прават притисоци врз медиумите

-

ЗНМ и Синдикатот на новинари немаат никакво право да бараат нова законска регулатива за медиуми или закон за медиуми, бидејќи не се носи закон за медиуми, туку закон за цензура на телевизиите, реагираат од МАН, на денешната прес-конфренција на Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии.

Бидејќи над 90 проценти од медиумските работници во телевизиите се членови на Македонската асоцијација на новинари, МАН смета дека реформи во медиумскиот сектор не се потребни.

„МАН итно бара ЗНМ и Синдикатот на новинари како експоненти на СДСМ, заедно со таа политичка партија да престанат да прават притисоци врз медиумите и да престанат да изигруваат цензор со што медиумите треба да им овозможат да дојдат на власт без избори.
МАН смета дека постоечките закони за медиумската област се добра основа за реализација на слободата на изразување и слобода на медиумите што впрочем може да се види од настапите на членовите на ЗНМ и т.н Синдикат“, реагираат од МАН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...