fbpx

МАН: Решенијата за МРТ се кројат зад затворени врати

-

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го поздравува почетокот на процесот на дефинирање на она што треба да бидат законски и кадровски решенија за медиумскиот сектор и за МРТВ како јавен сервис.

„Поради фактот дека не постои балансираност во медиумите што учествуваат во овие дебати под меѓународно посредништво и покровителство, како и поради фактот дека дебатите се празни, а решенија ни се сервираат, МАН смета дека медиумските закони веќе се однапред подготвени и како такви ќе бидат сервирани и доставени до политичките партии, кои потоа треба да ги усвојат, како и до медиумите кои се најзасегнати од нив“, се вели во соопштението на асоцијацијата.

Во прилог на ова, стои во реакцијата, говори и фактот дека решенијата за МРТ се кројат зад затворени врати во Клубот на пратеници, со посредништво на Питер Ванхауте, каде не се разгледуваат стручни и меѓународни примери и искуства, туку се разгледуваат предлози кои ги застапува СДСМ преку ЗНМ (Здружение на новинари на Македонија).

„Ова значи дека целата реформа околу МРТ ќе се сведе на кадровски решенија предложени од опозицијата, без суштински системски унапредувања за јавниот сервис. МАН повеќепати јавно ги презентира и ги доставува до сите засегнати субјекти стручните предлози за реформи во медиумскиот сектор и најавуваме дека остануваме на ставот дека е потребна дебата, но суштинска, а не парцијална, која главно се однесува на кадровски решенија, на пример, како тие за јавниот радидифузен сервис. За медиумскиот сектор не се потребни парцијални дебати и решенија, туку суштински“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...