fbpx

Мало раздвижување на македонските камиони на српско-хрватската граница

-

На граничниот премин Бајаково има мало раздвижување на колоната товарни возила, така што се пропуштаат камиони што превезуваат расиплива и опасна стока.

– Има минимално радзвижување, односно се пропуштаат камионите кои носат свежа стока и стока што е опасна за околината. Имено, тие возила според закон, не смеат да стојат. Пропуштањето оди тешко, бидејќи се вадат од колона и мора да се формира посебна лента за нив – изјави Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“.

Царинската управа на Србија вчера соопшти дека неколкудневната блокада на граничниот премин Батровци, предизвика создавање на 15 километри долга колона на товарни возила.

– Многу од нив не можат да го променат правецот на движење, бидејќи се условени од меѓународни дозволи за транспорт, кои им налагаат да се движат во тој правец – се вели во соопштението на упрaвата.

Заменик-министерот за економија, Христијан Делев, соопшти дека македонските власти реагирале и им укажале на хрватските власти, дека „ситуацијата е надвор од сите меѓународни договори за протек на луѓе и на стоки.“

– Покрај со институциите во Брисел и со ЦЕФТА, контактиравме и со нашите колеги во Србија, Косово, Албанија и во Турција, кои се засегнати со овој проблем – изјави Делев.

Штетите од неколкудневниот застој на камионите што превезуваат лесно расиплива стока, допрва се утврдуваат. Македонските компании, пак, стравуваат од неисполнување на договорите со нивните странски партнери.

Македонски транспортери кои превезуваат сезонско овошје и зеленчук до Европа, се заглавени на граничните премини од Србија кон Хрватска откако Загреб ја затвори границата поради бегалската криза.

Станува збор за околу 1.000 камиони кои чекаат за влез и за излез на премините Батровце и Бајаково, кои се целосно блокирани и патничките возила се пренасочуваат кон други премини.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...