fbpx

Малечката Наде пронајдена жива во дол длабок околу 20 метри

-

Повеќе од 24 часа по нејзиното исчезнување, двегодишната Наде од селото Кленоец, денеска е пронајдена жива во дол длабок околу 20 метри во месноста Вртиште, на тромеѓето меѓу атарите на селата Кленоец, Извор и Иванчиште, изјави за „Мета“ портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Девојчето било преплашено, откако ноќта ја минало само и без храна, а било пронајдено денеска околу 15 часот, од полициски екипи со кои бил и нејзиниот татко. Во потрагата беа вклучени и кучиња трагачи, дрон и месното население.

На прашањето дали СВР Охрид по службена должност ќе поднесе кривична пријава против нејзиниот вујко за запуштање и за негрижа, Димоски одговори дека „тоа е работа за подоцна“ и извести дека во случајот ќе се вклучи и Центарот за социјални работи.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вујкото на девојчето, В.Ј. (32) од Карбуница, вчеравечер пријавил во полиција дека истиот ден околу 13.45 часот, додека пешачел со своите две внуки на возраст од две и шест години по локалниот пат од село Кленоец кон село Извор, двегодишното девојче кажало дека не може да оди понатаму и останало покрај патот. Вујкото ја оставил и со нејзината сестричка се упатил кон селото Извор.

По еден час, кога се вратил на местото каде што ја оставил двегодишната внука, таа не била таму. Се вратил во куќата во Кленоец каде што живееле сестричките, но девојчето не било ни таму. Потоа со родителите на девојчето го пребарале селото, но не ја нашле Наде, па во 20.50 часот го пријавиле случајот во полиција, кога почнала обемната потрага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...