fbpx

Макрон: Турција останува важен партнер на Европската Унија

-

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Турција останува важен партнер на Европската Унија и оти врските треба да бидат сочувани и покрај тоа што земјата во последно време се движи во непосакуван правец.

– Реално гледано, Турција се оддалечува од Европската Унија во текот на последните месеци и ја премина границата, на начини кои не можат да се игнорираат, особено во поглед на царинската унија – вели францускиот претседател во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Катимерини“.

Тој истакнува дека Турција е клучен партнер во многу кризи пред кои Европа е исправена, особено предизвиците кои произлегуваат од миграциските бранови и од терористичката закана.

Изјавата на Макрон доаѓа откако германската канцеларка Ангела Меркел во неделата рече дека треба да се прекинат преговорите на Турција за членство во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...