fbpx

Макрон поубедлив од Ле Пен во дебатата, покажуваат анкетите

-

Кандидатот за претседател на Франција, независниот кандидат на центарот, Емануел Макрон, бил поубедлив од Марин ле Пен за време на клучната телевизиска дебата, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење.

Околу 63 отсто од лицата што учествувале во анкетата за телевизијата БФМ сметаат дека проевропскиот поранешен министер за економија бил поуверлив за време на дебатата од лидерката на Националниот фронт.

Две третини од лицата што гласале за кандидатот на радикалната левица Жан-Лик Меланшон во првиот круг на изборите, одржан на 23 април, сметаат дека Макрон бил поуверлив од Ле Пен, како и 58 отсто од тие што во првиот круг го поддржале конзервативецот Франсоа Фијон.

Двајцата кандидати што освоија најмногу гласови во првиот круг на изборите одржани на 23 април, синоќа за време на жестоката телевизиската дебата изнесоа меѓусебни обвинувања.

Макрон ја обвини Ле Пен дека лаже и предупреди дека таа ќе ја однесе Франција во граѓанска војна и дека ќе им даде на исламските екстремисти тоа што го сакаат со тоа што би ги прекршила правата на муслиманските граѓани.

Од друга страна, Ле Пен го обвини Макрон дека е благ спрема исламскиот екстремизам и го нарече кандидат на елитата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...