fbpx

Макрон не го покани Трамп на климатскиот самит во Париз

-

Француските власти соопштија дека претседателот на САД, Доналд Трамп, не е меѓу стоте светски лидери поканети да присуствуваат на климатскиот самит во Париз, закажан за следниот месец.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, планира на самитот да форсира своја агенда под мотото „Да ја направиме нашата планета повторно голема“. Тоа е алузија на слоганот на Трамп за време на претседателските избори во САД во 2016 година, кој гласеше „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Самиот има цел да промовира таканаречени зелени проекти и да даде нови извори за финансирање.
Висок француски претставник, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека покани се испратени до шефовите на тие држави кои се „особено посветени“ на Парискиот климатски договор од 2015 година и оти за САД ќе биде испратена покана на „дипломатско ниво“.

Трамп во јуни годинава соопшти дека САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор, доколку не успеат да обезбедат подобар договор.

На собирот во Париз, наречен „Самит една планета“, Макрон би требало да ги објави имињата на американските научници, експерти за климатски промени, кои ќе добијат стипендии за своите истражувања да ги продолжат во Франција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...